Германија успеа да забележи победа над Црна Гора за пласман во четвртфиналето од разигрувањето за медал откако по драматичен натпревар за кој остри критики имаше од таборот на црногорската репрезентација славеше со 85-79, но се чини дека домаќинот на Евробаскетот 2022 остана без еден од најдобрите играчи.
Франц Вагнер во третата четвртина го повреди скочниот зглов и до крајот на средбата не се врати на паркетот. Кошаркарот на Орландо Меџик е под надзор на медицинскиот тим кој ќе направи се што може навремено да го рехабилитра за мечот помеѓу Чешка или Грција, но првичните информации бар засега не се оптимистички.
Вагнер во досегашниот дел од натпреварувањето оствари просек од 15.8 поени, 4.2 скока и 1.2 асистенции па неговото отсуство ќе биде голем хендикеп за Германците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

