Германија без Нојер и Горецка во Лигата на нации

Капитенот и прв голман на германската фудбалска репрезентација Мануел Нојер и играчот од средниот ред Леон Горецка ќе ги пропуштат натпреварите во Лигата на нации, бидејќи имаа позитивен резултат на тестот за коронавирус.

Германската фудбалска федерација објави дека играчите на Баерн се изолирани од остатокот од тимот и дека ќе го напуштат хотелот.

„По позитивен резултат на тестот на лица од блискиот круг на еден од играчите, медицинската служба изврши брз антиген тест кај сите репрезентативци. Сите членови на екипата и персоналот мора да имаат негативен резултат пред да патуваат. Секојдневно ќе се тестираат потврдени блиски контакти на играчите“, стои во соопштението.

Германија во петок во Лајпциг и гостува на унгарската репрезентација, а в понеделник гостува во Англија.

Се вчитува...