Германија чекори кон 1/4 финале: Мусиала носи 2-0 за домаќинот (ВИДЕО)

Селекцијата на Германија сигурно чекори кон 1/4 финалето на ЕВРО 2024 кое го организира, ткако води 2-0 во дуелот со Данска на 20 минути пред крајот.

Мусиала после една конфузија во дефанзивата на Данска, донесе предност од 2-0 за Германија. Шлотербек од одбраната испрати долга топка до Мусиала, кој излезе сам пред несигурниот Шмајхел, и рутински го совлада.

Претходно Данска даде гол за 1-0, но беше поништен, а потоа ВАР им додели пенал на Германците кој Хаверц го реализираше за предност.

Се вчитува...