Германија ја освои првата позиција во групата „А“ со преубедлива победа против Словачка од 6-0 во натпреварот кој директно одлучуваше за репрезентацијата која директно ќе се пласира на Светското првенство.
Голеадата ја започна Волтемоде уште во 18. минута од средбата, а со голот на Гнабри во 29. минута и двата на Сане во 36. и 41. минута Германија стигна до предност од 4-0 на полувремето. Баку во 67. минута ја комплетираше „петардата“, а Оедраого во 79. минута го постави конечниот резултат.
Северна Ирска славеше со 1-0 над Луксембург со голот на Донлеј од пенал во 44. минута.
Холандија ги заврши квалификациите со уште една победа триумфирајќи над Литванија со 4-0 со головите на Рејндерс во 16. минута, Гакпо кој ја затресе мрежата од пенал во 58. минута, Симонс во 60. минута и Мален во 62. минута.
Полска славеше со 2-3 на гостувањето кај Малта благодарение на голот на Зиелински во 85. минута.
Чешка со триумф влегува во баражот за пласман на Светското првенство откако во последниот натпревар од групата „Л“ славеше со 6-0 против Гибралтар.
Хрватска со неверојатен пресврт успеа да стигне до нова победа во квалификациите славејќи над Црна Гора со 2-3.
Осмајиќ и Крстовиќ донесоа предност за Црногорците во 3. и 17. минута, а со головите на Перишиќ од пенал во 37. минута, Јакиќ во 72. минута и Влашиќ во 87. минута Хрватите поразот го претворија во сензационален триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА