Европското првенство во фудбал може да донесе милијарда евра во касата на Германија, прогнозираат економските експерти во оваа земја.
Земјата домаќин на првенството очекува приходи од огромниот број на навивачи кои ќе дојдат во Германија. Најголем бенефит од организацијата на ЕВРО 2024 ќе имаат малопродажните сектори.
За време на турнирот се очекуваат повеќе од 600.000 туристи, и 1,5 дополнителни ноќевања, според пресметките на експертите, споредувајќи ги бројките со последниот турнир кој го организираше оваа земја – Мундијалот во 2006 година.
Германскиот национален тим вечерва против Шкотска го отвора Европското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА