Англија прва стигна до водство на „дуелот на фудбалските џинови“ против Германија, откако Рахим Стерлинг стрелаше прецизно во 75. минута од пресметката на „Вембли“.
„Гордиот албион“ играше трпеливо, чекаше да се отвори простор, а по влегувањето во игра на Грилиш токму асот на Астон Вила учествуваше во акцијата за водечкиот погодок. Тој одлично ја отвори акцијата кон левата страна до Лук Шо, кој нафрли ниско по земја, а Стерлинг од пет метри немаше тешка задача да ја смести во мрежата.
Ова е трет гол на Англичаните на овој европски шампионат, сите три ги постигна токму Рахим Стерлинг.
Голот за водство на „гордиот албион“ може да го погледнете на овој ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА