Ракометната репрезентација на Германија го отвори Светското првенство со победа откако славеше над Катар со 31-127 во првиот натпревар од Е на шампионатот во Полска и Шведска.
Германците подобро го отворија натпреварот и го контролираа мечот во текот на првото полувреме, па на пауза заминаа со предност од плус пет 18-13. Во вториот дел Катарците заиграа далеку над своите моментални можности и на десет минути до крајот на мечот стигнаа до негатива од само еден 26-25. Сепак, до крајот Германците успеаја да се стабилизираат и да стигнат до конечен триумф од 31-27. Кнор со седум гола беше прво име кај Германците, додека кај Катар по пет постигнаа Капоте и Мадади.
Бахраин направи изненадување откако успеа да стигне до бод против фаворизираниот Тунис 27-27. Вистинска сензација приреди репрезентацијата на Соединетите Американски Држави која стигна до првата победа мундијалите откако славеше над Мароко со 28-27.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА