Германија и Аргентина ремизираа (2-2) на „Сигнал Идуна парк“

Фудбалските селекции на Германија и Аргентина ремизираа (2-2) во пријателскиот натпревар на „Сигнал Идуна парк“ во Дортмунд. „Панцирите“ имаа водство од два гола разлика, но Аргентина успеа да израмни во второто полувреме.

Серж Гнабри во 16.минута ја доведе Германија во водство, а шест минути подоцна Каи Хаверц зголеми на 2-0. Аргентинците возвратија во вториот дел.

Лукас Аларио го намали резултатот во 66.минута, а Лукас Окампос во 85.минута успеа да изедначи.

Се вчитува...