Репрезентацијата на Германија ја победи Белорусија со 31-25 и со максимални четири победи ја држи лидерската позиција во Групата Б во Руен.Решаваќчката преднсот Германија ја постигна во второто полувреме. Белорусите држеа чекор во првиот дел и на одмор заминаа со 16-16. Но упте на стартот на второто полувреме, Германија влезе со серија од 3-0 и потоа ја одржуваше позитивата до крај.Без загубен бод во оваа група е и селекцијата на Хрватска која вечерва (20.45) ќе игра против Чиле. Во првиот натпревар од 4.коло, Унгарија славеше убедлива победа против С.Арабија (37-24).Максимални четири победи во групата Д има репрезентацијата на Данска која денеска потешко од очекуваното го победи Бахреин со 30-26. Она што требаше да биде рутина, на крај испадна тежок натпревар за актуелните олимписки шампиони. Левиот бек, Ласе Андерсен заработе повреда на коленото, а Микел Хансен кој доби црвен картон и поголемиот дел од второто полувреме го следеше од трибините.Резултати 4.коло СП:Група Ц (Руен): С. Арабија – Унгаруја 24-37, Белорусија – Германија 25-32, Хрватска – Чиле (37-22)Тебела: Германија 8, Хрватска 8, Унгарија 4, Белорусија 2, Чиле 2, С.Арабија 0.Група Д (Париз):Аргентина – Египет 26-31, Данска – Бахреин 30-26, Шведска – Катар (36-25)Табела: Данска 8, Египет 6, Шведска 6, Катар 4, Бахреин 0, Аргентина 0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА