Германија очекувано ја оправда фаворитската улога на дуелот со Естонија, триумфирајќи во Талин со 0-3. Интересно, Германците трите гола ги постигнаа во второто полувреме, и тоа откако останаа со фудбалер помалку на теренот по заслуженото исклучување на Емре Џан.
Во главна улога беше Илкај Гундоган, кој ги постигна првите два гола за поранешниот светски првак, пред конечните 0-3 да ги постави Тимо Вернер.
Велс и Хрватска одиграа интересен меч во Кардиф што заврши без победник, 1-1. „Коцкестите“ први поведоа преку Влашиќ по одличната акција на Брекало, а на 1-1 пред крајот на полувремето израмни Герет Бејл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА