На натпреварот меѓу Германија и Холандија на стадионот во Минхен кој домаќините го добија со 1-0, фудбалската федерација на оваа земја јавно им се заблагодари на Нојер, Милер, Гундоган и Крос за се што направија за националниот тим.
Германската фудбалска федерација им додели спомен плакети на овие четворица фудбалери кои учествуваа во еден од најголемите успеси, кога станаа светски шампиони во Бразил во 2014 година.
Тие сега решија да се повлечат од меѓународниот фудбал, додека Тони Крос за разлика од овие тројца реши целосно да се повлече од фудбалот. Дефинитивно е дека сите четворица оставија голема трага не само во германскиот туку и во светскиот фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА