Германија ја осигура првата позиција во групата „А“ откако ремизираше со Швајцарија со 1-1 во натпревар по кој селекторот Јулијан Нагелсман се соочува со огромен проблем кога станува збор за одбраната.
Имено, Антонио Рудигер заработи повреда на бутот на средбата против Швајцарците па неговиот настап во осминафиналето е неизвесен, соопшти и фудбалската федерација на Германија.
Покрај Рудигер, Нагелсман нема да може да смета ниту на неговиот партнер во одбраната Џонатан Тах кој е суспендиран поради втор жолт картон.
Во осминафиналето Германија ја очекува средба против второпласирната репрезентација од групата „Ц“ во која се Англија, Данска, Србија и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА