Репрезентацијата на Шпанија ја победи Хрватска со 3:0, а потоа и Италија со 1:0 во првите два меча на ЕП и пред последното коло од групната фаза го обезбеди првото место во групата Б и пласман во осминафиналето. Ламине Јамал (16) на двата натпревари беше дел од стартната постава, но прашање е дали ќе биде и во третиот, бидејќи ноќната работа во Германија е забранета за лица помлади од 18 години.
За тоа пишуваат и шпанските и германските медиуми кои потсетуваат дека има и исклучоци кои се однесуваат на спортот. Сепак, и натаму е непознато што тоа значи за 16-годишниот фудбалерот на Шпанија.
Според германскиот закон, лицата помлади од 18 години, без разлика дали се Германци или странци, не смеат да работат по 20 часот. Исклучок во спортот е што им е дозволено да бидат активни до 23 часот, и со тоа Јамал ќе го прекрши законот. Но, Јамал беше дел од националниот тим на Шпанија и на мечот со Италија, кој започна во 21 часот, па Шпанците не беа санкционирани…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА