Германскиот произведувач на спортска опрема „Адидас“ остана со само три репрезентации од осум на Мундијалот во Катар. И покрај тоа, компанијата останува на став дека ќе продава дресови за време на турнирот, рече портпаролот на компанијата после елиминацијата на Германија.
Компанијата и натаму очекува продажба од околу 400 милиони евра поврзано со Мундијалот во Катар. Во Адидас кажуваат дека продажбата во моментов им е поголема од онаа на Светското првенство во Русија 2018 година.
„Искуството покажува дека интересот на навивачите за облека и други артикли поврзани со светското првенство брзо опаѓа без германската репрезентација“, рече портпаролот на ХДЕ, Штефан Хертел.
Германија е четирикратен светски првак, и вчера испадна од Светското првенство и покрај победата над Костарика во последниот натпревар во групата Е.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА