Фудбалската репрезентација на Германија стигна до нов убедлив триумф во Лигата на нации откако вечерва во 5. коло на домашен терен ја декласираше Босна и Херцеговина со убедливи 7-0.
Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Мусиала во 2. минута од мечот. До крајот на првиот дел „панцирите“ постигнаа уште два гола преку Клејндајншт во 23. и Хаверц во 37. минута. Во вториот дел конечните 7-0 ги поставија Вирц со два гола и Сане и Клејндајншт со по еден гол.
Germany [6] – 0 Bosnia Herzegovina – Leroy Sané 66'
byu/CivillyWalk757 insoccer
Албанија одигра реми против Чешка без голови 0-0, додека Шведска во дербито славеше над Словачка и со тоа остана во игра да биде подобро пласирана репрезентација од Македонија во ранкингот на Лигата на нации за пласман во баражот за СП.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА