Германија ја прегази „моќната“ Аргентина, лесна победа и за Египет

Репрезентацијата на Германија го покажа вистинскиот квалитет на Аргентина на овој шампионат откако во првиот натпревар во главната фаза ја прегази со 39-19. Германците сите дилеми околу победникот ги решија уште во првиот дел добивајќи го со 24-11.

Во второто полувреме Аргентинците играа да изгубат колку можат помалку, а Германците во лер стигнаа до конечен триумф од 39-19. Дури тројца ракометари кај Германија завршија со по пет гола (Гола, Грецки и Мертенс), додека кај Аргентинците ист број постигна Мартинез.

До лесна победа стигна и Египет кој славеше над Белгија со 33-28. Рамадан со седум гола и Елдера со шест беа најпрецизни кај победникот, додека кај поразените недоволни беа деветте погодоци на Данеси.

 

 


Standings provided by Sofascore


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...