Германија ја прегази Словенија и се „чекираше“ за ЛОИ во Токио

Репрезентацијата на Германија ја „прегази“ Словенија со 36-27 во квалификациите за Летните олимписки игри во Токио годинава. Германците одиграа неверојатен натпревар кој го диктираа уште од самиот старт и во ниту еден момент не им дозволија на Словенците да се надеваат дека ќе успеат да стигнат до триумф.

Со оваа победа Германците се чекираа за ЛОИ бидејќи по вчерашното реми со Шведска и денешната голема победа на Словенија, утре се големи фаворити против аутсајдерот во групата Алжир, кој се очекува денеска да биде поразен и од Шведска. Словенците, доколку триумфира денеска Шведска утре ќе мора да ја совладаат репрезентацијата со која ремизираа на последното Светско првенство во Египет.

Се вчитува...