Ракометната репрезентацијата на Германија на домашен терен стигна до голема победа во четвртиот натпревар од втората групна фаза на Европското првенство откако славеше со 35-28 против Унгарија задржувајќи ги шансите за пласман во полуфиналето од натпреварувањето.
Натпреварот во првото полувреме го отслика изедначеност на теренот во која ниту една репрезентација не успеа да стекне поголема предност од два гола, а на паузата на семафорот стоеше минимална предност за Германците од 18-17. Работите на теренот се променија во второто полувреме во кое Германија го наметна своето темпо со мини серии преку кои стигна до предност од 28-22.
Предводени од домашната публика Германците продолжија да доминираат до крајот на средбата па забележаа и убедлива победа со седум гола разлика.
Кестер со осум гола ја предводеше Германија, додека шест гола за Унгарија постигна Анцсин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА