Јулијан Нагелсман останува селектор на германската репрезентација и после СП 2026 година, до кога беше неговиот актуелен договор. Тренерот се договори со германската фудбалска федерација да ја води селекцијата и на следното ЕП во 2028 година кое ќе се одржи во Обетинетото Кралство и Ирска.
Нагелсман од септември 2023 година е селектор на Германија, откако го замени Ханс Флик кој претходно седеше на клупата на Германците. На минатото ЕП кое се одржа во Германија, стигна до 1/4 финалето, откако загуби во контроверзен меч со Шпанија, која подоцна го освои ЕП.
„Кога дојдов на чело на гермсната репрезентација, не помислував дека ќе бидам селектор и после ЕП. Меѓутоа таму видов дека сите ја сакаат репрезентација и сите сме заедно. Сега сакаме успешно да ја развиваме репрезентацијата, да освојуваме титули“, рече Нагелсман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

