Германија на коленa пред „црвената фурија“: Шпанија во финале со Франција на Евробаскетот!

Шпанија ќе игра во финалето на Евробаскетот против Франција откако во полуфиналната пресметка славеше против Германија со 91-96.

Во натпревар во кој двете селекции наизменично се менуваа со предноста, иако Германија го диктираше ритамот, на крајот Шпанија дојде до триумфот благодарение на извонредно одиграната последна четвртина.

Шпанците ја добија првата четвртина со 24-27, но вториот период од играта комплетно им припадна на Германците кои славеа со 27-19. Во последната четвртина се влезе со предност на Германија од 71-65. Но, „црвената фурија“ феноменално ги одигра последните 10 минути, добивајќи ги со 20-31. Во финишот германската селекција се обиде со чести прекини да ја стигне предноста на Шпанија, но безуспешно.

Лоренцо Браун беше извонреден во шпанскиот состав со 29 поени, а Вили Хернангомез заврши со 16 поени. На Германците не им помогна ниту феноменалниот Шрудер кој мечот го заврши со 30 поени и осум асистенции, а по 15 поени постигнаа Вагнер и Обст.

Шпанија во финалето на Евробаскетот ќе игра со Франција која во првата полуфинална пресметка ја декласираше Полска.

Се вчитува...