Германија навистина со потполно нов состав за Купот на Конфедерации

Јоаким Лев ја изненади фудбалската јавност со селектирањето на националниот тим во пресрет на Купот на Конфедерации. Натпреварувањето ќе се одржи во Русија, па една од главните причини за овој потег на Лев е тоа што сака да им даде шанса на младите фудбалери, со оглед на тоа дека светскиот пехар ќе го брани со најдобрите играчи токму во Русија во 2018 година.

„Ги немам сите играчи на располагање за овој турнир. Три големи натпреварувања за три години со ист тим за мене не е идеално, сакам да им дадам шанса на младите кои треба да ги наследат сите главни фудбалери на оваа репрезентација. Затоа на овој турнир ќе излеземе со потполно нов состав“ – истакна Лев.

Во редовите ќе недостасуваат главните адути како Мануел Нојер, Томас Милер, Тони Крос, Жером Боатенг, а наместо нив прилика добија Никлас Шуле, Жулијан Брандт, Макс Мејер и други кои ќе одиграат пријателски меч со Норвешка пред почетокот на купот. Шанса да се прости од репрезентацијата на тој натпревар ќе добие поранешниот капитен на националниот тим, Бастијан Швајштајгер.

18518471_120332000858223827_2108580337_n  

Се вчитува...