Германија нема да го бојкотира Светското првенство во САД

Владата на Германија не го поддржува бојкотот на Светското првенство кое треба да се одржи во јули во три држави од кои една е Соединетите американски држави. Дел од политичарите покренаа иницијатива за бојкот поради политиките на американскиот претседател Доналд Трамп, но до тоа нема да дојде, потврдија од највисоката извршна власт.

Државната секретарка за спорт, Кристин Шендерлајн вели дека спортот треба да зближува и да не биде под влијание на надворешната политика.

„Владата се договори дека кога станува збор за бојкот ние вели дека не го поддржуваме. Ставот на Владата е дека спортот не треба да биде под влијание на надворешнополитичките односи и дека тие не треба да се инструментализираат. Покрај тоа, претстојното Светско првенство нема да се одржи само во САД, туку и во Канада и Мексико“, изјави државната секретарка за спорт на Германија.

Се вчитува...