Германија нема да го менува Флик и покрај елиминацијата од СП

Ханс Флик нема да добие отказ од германската репрезентација. Тој има доверба од страна на германската федерација и од играчите.

Според германските медиуми, не се дискутира за отказ на Флик и покрај елиминацијата од Мунидјалот во Катар. Членовите на германската федерација му веруваат на селекторот, и тој е високо ценет од играчите.

Сепак, претседателот на федерацијата очекува Флик да го анализира настапот на Германија на СП 2022 и да предложи можни решенија пред настапот на ЕП 2024 каде Германија е домаќион.

Следната недела се очекува да има средба во Франкфурт со челниците на федерацијата.

Се вчитува...