Фудбалската репрезентација на Германија нема да игра квалификации за Европското првенство 2024 година. Натпреварувањето ќе биде одржано во нивната земја, па може да бираат дали сакаат да игра во една од групите за квалификации, како дел од подготовките за континенталниот шампионат.
Таквата можност ја искористи Катар која не учествуваше во квалификациите за Мундијалот кој ќе се одржува во нејзината земја.
„Сега имаме голема можност во текот на правењето на распоредот на натпреварите, па ќе можеме да се подготвуваме за ЕП против силни противници“, нагласи директорот на репрезентацијата.
Ждрепката за квалификациите на ЕВРО е на 9. октомври во Франкфурт, а првите натпревари ќе се играат во март 2023 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА