Германија остана без уште еден адут на СП во Египет

Германија лесно и рутински го совлада Уругвај на стартот од СП 2021, но овој натпревар се покажа кобен за Тобијас Рајхман, кој заработи незгодна повреда на коленото. Денешните детални прегледи покажаа дека крилниот ракометар нема да може да се опорави во наредните седум до десет дена, по што стручниот штаб реши да го врати назад во Германија, каде Рајхман ќе ја продолжи рехабилиациската програма.

На негово место во Каиро ќе пристигне крилниот ракометар на Рајн-Некар Левен, Патрик Грецки.

„Рајхман нема да може да ни помогне, има проблем со екстерниот дел од менискусот поради што ќе мора да мирува извесен период. Искрено ми е жал за овој ракометар, но со доаѓањето на Грецки имаме нова моќна опција за овој дел од тимот“, истакна селекторот Гисласон.

Грецки би требало да се најде во тимот за дуелот со Унгарија во вторник, кој ќе решава за првото место во групата.

Се вчитува...