Германија перфектна, со „пет од пет“ го освои првото место во групата

Кошаркарите на Германија дојдоа до петата победа во петиот натпревар во групата на Евробаскетот, и максимално завршија на првото место. Германците лесно ја совлада Финска со +30, 91-61.

Иако по првата четвртина имаа предност од само два разлика (21-19), на полувремето заминаа со предност од 14 поени разлика. Германија немаше попуст за Финците, па играа максимално и на крајот дојдоа до убедлив триумф, кој ги носи далеку над сите на првото место.

Вагнер беше најефикасен со 23 поени, додека кај Финска Нкамоуа постигна 16. Марканен беше одлично чуван, и постигна само 11 поени. И Финска се пласираше во следната фаза, откако заврши на третото место.

Се вчитува...