Германија го освои петтото место на ЕП 2020 откако по голема битка попладнево славеше над селекцијата на Португалија со резултат 29-27. Германците беа дополнително ослабени откако во пресрет на овој меч од комбинација отпаднаа и Генсхајмер и Пекелер, но и со комбиниран состав избраниците на селекторот Прокоп успеаја да стигнат до победата.
Мечот беше израмнет од почеток до крај, а како пресудни се покажаа последните 10 минути. Имено, по 50 минути игра резултатот гласеше 26-26, а Португалците до крајот на средбата постигнаа само еден погодок, по што поразот беше неизбежен. Кун со шест гола беше најефикасен во германскиот табор, додека прв стрелец на Португалија на овој натпревар беше Фераз со четири погодоци.
Во вториот натпревар од денешната програма, Словенија и Норвешка ќе се сретнат во 18.30 часот во борбата за бронзениот медал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА