Германија подобра од Србија за еден гол, Египет со втора победа

Вечерва покрај дуелот во кој играше Македонија против Холандија, се одиграа уште три натпревари на ракометниот Мундијал.

Германија успеа да ја совлада селекцијата на Србија со 34-33, Германците речиси во целиот меч беа во водство, но не повеќе од четири разлика. Србија често се обидуваше да се врати, меѓутоа не успеваше. Гола и Мертенс со по шест гола беа најефикасни кај Германците, додека Кукиќ кај Србија постигна седум.

Египет по победата над Хрватска во првото коло, граби кон првото место на табелата, совладувајќи ја селекцијата на Мароко со 30-19, и сигурно во следната фаза ќе пренесе два бода. Египќаните имаат шанса и за три од три, ако ги совладаат САД во последното коло. Најефикасен беше Кадах со седум погодоци.

Белгија дојде до првата победа на Мундијалот, откако денеска беа подобри од Тунис. Белгијците практично се намачија, но направија изненадување и дојдоа до триумф, со оглед дека Тунижаните беа благи фаворити. Керими со шест гола беше најефикасен на средбата.

Се вчитува...