Германија повторно подобра од Словенија која овојпат беше без Дончиќ

Кошаркарите на Германија ја победија Словенија по втор пат во три дена, овој пат на домашен терен. Светскиот шампион прво славеше во „Стожице“ (103-89), а вечерва во Мајнхајм беше подобар со 80-70.

На овој натпревар Словенците беа без својот најдобар кошаркар Лука Дончиќ.

Најефикасни кај победникот беа Франц Вагнер со 17 поени и четири скока, односно Денис Шрудер со 17 поени и шест асистенции. Грегор Хроват се истакна за Словенија со 15 поени и пет асистенции.

Црна Гора пак исто така во пријателски меч беше подобра од Босна и Херцеговина откако славеше со 102-90.

Се вчитува...