Кошаркарите на Германија на задоволство на својата публика во Берлин дојдоа до бронзениот медал на Евробаскетот откако во мечот за третото место славеа против Полска со 82-69.
Германците ја носеа и на крајот ја оправдаа фаворитската улога. Уште од самиот почеток наметнаа темпо за победа кое го одржуваа до крајот и покрај тоа што Полјаците се заканија во третата четвртина дека можат до пресврт.
Германија го доби првиот период од играта со 19-14, уште поагресивно се продолжи во втората четвртина па на полувремето заминаа со предност од 13 поени (36-23).
Сепак, Полска ја доби третата четвртина со 18-26, се обиде да дојде до изненадување, но не успеа. Германците, согласно игрите низ текот на целото првенство, сосема заслужено на крајот дојдоа до бронзениот медал.
Најдобар во германскиот состав беше Денис Шрудер со 26 поени и шест асистенции, а Војтман заврши со 14 поени. Соколовски беше најдобар кај Полска со 18 постигнати поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

