Кошаркарската репрезенација на Германија е вториот четвртфиналист на Евробаскетот, откако ја совладаа селекцијата на Португалија со 85-58.
Германците се мачеа во првите три четвртини, Португалија дури имаше и неколку водства, но на светскиот првак му тргна шутот дури во последниот период. Неверојатен е податокот дека првиот кош Португалците во четвртата четвртина го постигнаа на 1:57 до крајот, а до тогаш Германците веќе направија серија од 13-0, која на крајот се покажа како недостижна.
И покрај тоа што Германија го доби првиот период, сепак, Португалија на полувреме замина со преднос од +1. Потоа Германија дојде до +1 пред последниот период, во кој успеа да го добие со неверојатни 33-7, и така на крајот да слави триумф.
Куета од Португалија беше најефиаксен со 18 поени, додека кај победничкиот тим Шрудер и Вагнер постигнаа по 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

