Не е Џамал Мусиала единствениот кој откажа настап за Германија пред натпреварите против БИХ и против Холандија во Лигата на Нации.
Селекторот Јулијан Нагелсман остана и без услугите на Каи Хаверц, Робин Кох, а сега во тимот го нема ниту Давид Раум. Играчот на Лајпциг се повреди на последниот настап за својот тим, и ќе го нема за Германија.
На негово место беше повикан Робин Госенс, кој практично се враќа во германскиот национален тим после долго време. Исто така Нагелсман мораше да повикува тројца дебитанти за овие два меча: Џејми Левелинг, Тим Клајдиенст и Џонатан Буркард.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА