Кошаркарките на Македонија до 20 години доживеа убелива пораз на Европското првенство (ЕП) Б-дивизија во Скопје. Селекцијата на Германија славеше со високи 87-44, па по овој меч „црвено жолтите“ ќе играат за седмото место на континенталниот собир во Скопје.
Избраничките на Јелена Антиќ имаа добар старт и беа рамноправни со ривалот, се до резултатот 10-13, кога противникот влезе во добра серија и со тројки се одлепи. Нашиот национален тим остана без поени до крајот на првиот период, Германките заминаа на 10-23, па потоа беше тешко да се игра.
Најдобра кај Германија беше Сара Полерос со 17 поени, пред Марија Костантиниду со 12 поени. Кај Македонија се истакна Илина Селцова со десет поени, пред Наталија Секуловска со девет поени, а Матеа Атанасовска имаше седум поени и осум скока.
Ривал на Македонија за седмото место на турнирот ќе биде репрезентацијата на Грција или Норвешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА