Германија во паника: Сане се повреди и ќе паузира најмалку три недели

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен и на германската репрезентација Лерој Сане поради повреда ќе паузира најмалку три недели. Засега не е под знак прашалник настапот на Мундијалот во Катар, меѓутоа Германците стравуваат дека може да дојде до компликации, па да останат без еден од најдобрите играчи во Катар.

26-годишниот фудбалер даде гол и запиша асистенција на вчерашниот дуел со Фрајбург (5-0), и беше сменет во 76. минута.

Прес-службата на Баерн Минхен објави дека резултатите покажале повреда на задниот дел од бутот, по што ќе следува тринеделна пауза.

Сане оваа сезона има 16 меча во сите натпреварувања за Баерн, во кои постигна 10 гола и четири асистенции.

Се вчитува...