Германија во првиот меч по Флик славеше над Франција, Англија подобра од Шкотска (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Германија славеше во првиот меч без Ханси Флик и тоа ни повеќе ни помалку туку против Франција со 2-1. По слабата форма и очајните партии на Германците, Флик беше отпуштен од местото селектор, а промената дојде уште во првиот меч по неговото заминување.

Германија поведе со 1-0 во 4. минута со погодокот на Томас Милер, додека на 2-0 зголеми Лирој Сане во 87. минута. До крајот гостите само го ублажија поразот со погодокот на Гризман од пенал во 89. минута.

Фудбалската репрезентација на Англија славеше исто така во пријателска против Шкотска со 1-3. Фил Фоуден во 32. минута донесе водство од 0-1 за гостите, а само три минути подоцна веќе беше и 0-2 со погодокот на Џад Белингем.

Шкотите намалија на 1-2 со автоголот на Хари Мегваер во 67. минута, додека конечните 0-3 беа дело на Хари Кејн во 81. минута.

Germany [1] – 0 France ( Thomas Müller 4' )
by insoccer

Се вчитува...