Ракометарките на Германија се првите полуфиналистки на Светското првенство 2025.
Во четвртфиналето, Германките сосема убедливо славеа против Бразил со убедливо 30-23, повеќе од заслужено обезбедувајќи место меѓу четирите најдобри селекции на шампионатот.
Уште од самиот старт на натпреварот беше јасно кој е кој, Германија го презеде водството и во континуитет го зголемуваше до 17-11 на полувремето. Во вториот дел се продолжи на исти начин, заокружувајќи на конечна победа од 30-23.
Во полуфиналето Германките ќе се соочат со подобрата селекција од дуелот меѓу Данска и Франција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

