Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија на домашен терен во 5. коло од квалификациите за пласман на ЕП. На крајот Германките славеа во „Борис Трајковски“ со 35-27.
Нашата репрезентација имаше сили само за првите минути од мечот, кога држеше „егал“ или негатива од 1-2 разлика, а како одминуваше времето, Германските само ја зголемуваа предноста и дојдоа во еден миг и до +8 разлика (10-18), но Македонија успеа да намали и на полвуреме се замина со негатива од пет гола.
Во вториот дле речиси идентична слика. Македонија не успеа да намали на помалку од 4 голови разлика, а Германките имаа предност и од 9 голови, со што победникот веќе можеше да се прогласи.
Во македонскиот национален тим Кипријановска постигна шест гола, а по четири дадоа Јанкуловска и Стефаноска. Енгел со девет беше најефикасна кај победничката селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

