Германска инвазија: 20.000 навивачи на Келн допатуваа во Лондон

Лондон денеска ќе биде преполн со фанови на германскиот претставник во Лигата на Европа, тимот на Келн. Арсенал ќе го пречека бундеслигашот кој по подолго време се враќа на европската сцена, а како доказ колку им значи пласманот во групната фаза, покажува и фактот дека 20.000 навивачи допатуваа во Лондон да го бодрат својот клуб.

Секторот каде треба да бидат сместени гостинските фанови на „Емирати“ е распродаден, додека сите оние обожаватели на Келн кои имаат купено карти на места наменети за домашните гледачи, ќе немаат право на влез.

Ова е доказ дека во Германија се живее за фудбалот, а за лојалност може секој да научи од овие верни следбеници на Келн, како се сака и се навива за својот клуб.

  

Се вчитува...