Репрезентацијата на Словенија доживеа тежок пораз од Германија со 23-32 на домашен терен, во третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2018 во Хрватска. Најголема заслуга за победата на Германија оди кај капитенот Уве Генсхајмер кој беше непогрешлив со 11 погодоци од исто толку шута кон голот на домаќините.
Избраниците на Веселин Вујовиќ, кои беа „бронзени“ на СП во Франција, во деулот со Германија беа целосно во подредена улога од почеток до крај. Словенците имаа само едно изедначување уште на стартот, а во останатиот дел актуелниот европски шампион постојано беше во убедлива предност. Во словенечкиот тим ништо не функционираше на вечерашниот меч, посебно беа немоќни во одбраната, примија дури 19 гола во првото полувреме. Германците уште во првиот дел оставрија седум гола предност (12-19) и за едно полувреме го решија победникот. До крајот не се спуштија под шест гола негатива и на крај заслужено славеа убедлива гостинска победа со девет гола разлика (23-32).
Јуре Доленец и Марко Безјак постигнаа по пет гола за Словенија. Уве Генсхајмер беше лидерот во нападот на Германија со 11 гола, по четири гола постигнаа Филип Вебер и Патрик Грецки.
На клупата на Германија своето деби победнички го одбележа новиот селектор, Кристијан Прокоп, кој дојде на местото на Дагур Сигурдсон.
За Германија ова е трета победа во квалификациите со која се зацвртуваат на првата позиција во Групата 5. Словенија е на втората позиција со една победа, едно реми и еден пораз, а зад нив се Португалија и Швајцарија.
Квалификации за ЕП 2018, 3.коло:
Украина – Чешка 26-23
Русија – Шведска 21-29
Норвешка – Франција 35-30
Словачка – Црна Гора 27-27
Летонија – Холандија 27-29
Словенија – Германија 23-32
Австрија – Шпанија 29-30
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА