Германска олимпијка гола во „Плејбој“ се загрева за Пјонгчанг

Атрактивната германска олимпијка во скијање слободен стил, Лиза Цимерман, ги загреа фановите пред настапот на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг со неколку „жешки“ фотографи во германското издание на „Плејбој“.

На насловната страница двојната победничка во Светскиот куп позира дискретно „покриена“ со скиите, но на внатрешните старници, Лиза Цимерман открива многу повеќе.

Цимерман која е една од фаворитките за олимписко злато во Пјонгчанг, во принцип, ужива да го покажува своето тело. Неодамна на својот Инстаграм профил, таа објави фотографија на која без облека поминува по лента преку базен. Секоја нејзина фотографија предизвикува голем интерес кај фановите, а истото се случи и со изданието на германскиот „Плејбој“.

Се вчитува...