Дитер Хекинг, тренерот на Бохум ќе добие нов договор до 2027 година, и покрај тоа што на тимот сериозно му се заканува испаѓање од Бундеслигата. Екипата е моментално на последното место на табелата, и нема никакви шанси за директен опстанок. Единствена надеж на две кола до крајот е да го престигне тимот на Хаденхајм на местото кое носи бараж за опстанок, но од тоа место Бохум заостанува во моментов четири бода и треба да се случи чудо да опстане.
Хекинг од минатата година е дел од Бохум, а во минатото ги водеше тимовите на Хамбургер, Борусија Менхенгладбах, Волфсбург, Нирнберг, Хановер…
Сега Хекинг ќе ја има одлуката околу македонскиот интернационалец Агон Елези, кој е член на овој тим, но настапува како позајмен во Горица, Хрватска. По крајот на сезоната Елези ќе треба да се врати во германскиот тим, а потоа ќе биде одлучено дали ќе биде задржан или пуштен од тимот, кој најверојатно идната сезона го чекаат натпревари во Цвајте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

