ЕКИПА на ЕП во Хрватска,
Билјана Б.Петрушева, Стеван Цаневски, Игор Паневски
Актуелниот европски шампион, репрезентацијата на Германија тргна во одбрана на титулата со убедлива победа против Црна Гора со 32-19, во првиот натпреавр од групата Ц на ЕП во Хрватска. Германците делуваа надмоќно и супериорно во сите сегменти. За десетина минути обезбедија недостижна предност, а потоа рутински без премногу напор ги прокнижија првите бодови против Црногорците кои важат за аутсајдер во групата.
Петанесетина минути им беа доволни на Германците за комплетно да го скршат отпорот на Црна Гора. А, потоа со фантастична серија од 9-0, избраниците на Кристијан Прокоп, во 22.минута веќе имаа двоцифрена предност од 13-3. Драган Ѓукиќ на два пати реагираше со тајм-аут, но Црногорците не успеваа да се вратат во ритам и се потешко доаѓаа до позиција за шут. Одбраната на Германија делуваше импресивно, а Андрес Волф лесно собираше се што некако ќе се дотркалаше до неговиот гол. Дури 13 минути репрезентацијата на Црна Гора беше без погодок. Конечно, на Милош Божовиќ му успеа да ја прекине лошата серија постигнувајќи го четвртиот гол за Црна Гора на шест минути пред крај на полувремето. Во финишот на полувремето, Црногорците заиграа за нијанса поефикасно во нападот. Три гола во серија постигна ракометарот на Металург, Божо Анѓелиќ, по два додадоа Владан Липовина и Милош Вујовиќ и успеаја да ја намалат негативата на 17-9 на крајот од првиот дел.
Второто полувремене донесе никаква промена што се однесува до односот на силите на терен. Германија без многу напор рутински ја зголемуваше предноста, претворајќи го првиот натпревар на ЕП полесен тренинг и ракометан лекција за Црна Гора на крај заверена со убедлива победа.
Уве Генсхајмер попстигна девет гола за Германија, а Андреас Волф го заврши натпреварот со 12 одбрани. Кај Црна Гора најефикасне беше Владан Липовина со седум погодоци, Раде Мијатовиќ запиша пет, а Миле Мијушковиќ четири одбрани.
Репрезентацијата на Црна Гора ќе биде вториот противник на Македонија на ЕП на 15 јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА