Германската федерација му врачи отказ на Ханси Флик

Германската фудбалска федерација одлучи да се раздели со селекторот Ханси Флик по катастрофалниот период откако стратегот е на клупата на А – тимот.

Откако прво Германија имаше катастрофален настап на Мундијалот во Катар каде не ја помина групата, чашата ја прели синоќешниот пораз на домашен терен од Јапонија со 1-4.

Германците кои се домаќини на следното Европско првенство решија навремено да реагираат и да се обидат со нов селектор да ја вратат старата слава.

 

Се вчитува...