Поранешниот спортски директор на Баер Леверкузен, и еден од најдобрите германски играчи на сите времиња Руди Фелер, смета дека Чаби Алонсо ќе остане во клубот и следната сезона.
Алонсо веќе се поврзува со клупите на Ливерпул и на Баерн Минхен, но Фелер е убеден дека Шпанецот и натаму ќе остане дел од „фармацевтите“ со кои прави чуда.
„Не можам да замислам тој да оди на друго место, барем не ова лето. Можеби тоа ќе се случи еден ден, но сметам дека нема да се случи ова лето“, коментира Фелер.
Според Фелер, тимот нема да се промени дури и да ја освои титулата. Тој е убеден дека ќе нема заминувања од екипата премногу идното лето, и дека тимот ќе сака повеќе во следната сезона.
Алонсо го сврте вниманието кон себе, откако го стигна рекордот во Бундеслигата по бројот на незагубени натпревари, а е на добар пат да му донесе прв трофеј на Леверкузен во историјата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА