Германската полиција имаше помалку работа во тек ЕП од тоа што го очекуваше

Германската полиција имаше помалку работа од очекуваното за време на Европското фудбалско првенство, изјави министерката за внатрешни работи Ненси Фесер.

Шпанија во неделата го освои Европското првенство, откако во финалето ја совлада Англија со 2-1. Првенството главно се одвиваше со поединечни и релативно помали инциденти, за разлика од насилството на некои претходни турнири, пренесува АП.

Германското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 2,6 милиони луѓе присуствувале на натпреварите во десетте градови домаќини, а уште шест милиони гледале преноси од натпреварите во одредени фан зони.

За време на турнирот имаше вкупно 170 апсења и 320 приведени. Полицијата забележала 2.340 прекршоци поврзани со турнирот, вклучувајќи 700 напади и 120 кражби. Имало и 140 случаи на насилство врз полицајци.

Се вчитува...