Германската полиција уапси 59 навивачи на Пари Сен Жермен пред вечерашниот натпревар со домашниот Штутгарт. Полицијата делуваше превентивно и уапси приврзаници на гостинската екипа откако доби информација дека има договор за закажан судир меѓу две групи хулигани во самиот град.
Поради ова, полицијата им забрани влез на стадионот и на 47 навивачи на Штутгарт, за кои постои основано сомневање дека планирале судир со парижаните.
„Секој што ќе дојде во Штутгарт да изврши насилство на или надвор од стадионот, ќе биде уапсен“, беше пораката од Карстен Хефлер, вториот човек на градската полиција во Штутгарт.
Уапсените навивачи на Пари Сен Жермен, наводно, ќе бидат во притвор до четврток, кога ќе бидат ослободени и спроведени до границата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА