Германски „Билд“ упати жестока критика кон Јаник Синер по одбраната на титулата на грен-слемот Австралија Опен. Медиумот го критикуваше италијанскиот тенисер кој беше мета на допинг скандал по позитивен тест и пред мечот, а по победата беше проследена со наслов „Триумф со вкус на допинг“.
Во финалето Синер славеше над германскиот тенисер Александар Зверев, а медиумот и претходно напомена дека доколку немаше фарса при позитивниот допинг тест на Италијанецот дека токму Зверев ќе беше прв на светот.
„Фактот што Синер е во второто последователно финале на грен-слем турнирите, по првенство на САД, е фарса за многу тенисери, експерти и набљудувачи на тениската сцена и многу е необично што му е дозволено да ја одбрани титулата“, напишаа Германците.
Интересно, случајот беше публикуван дури пет месеци по позитивниот тест, а одлуката по жалбата на ВАДА е презакажана за 16-17. април. ВАДА бара суспензија од две години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

