Страшен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ги погоди југоисточниот дел на Турција и северот на Сирија, а бројот на загинати и повредени од минута во минута се зголемува. Бројни фудбалери се на местата погодени од земјотресот, а за жал има и загинати.
Голманот на турскиот второлигаш Малатијаспор Ахмет Ејуп Туркаслан го загуби животот откако беше затрупан под урнатините. Неговиот соиграч Бариш Башдаш, германски фудбалер со турско потекло, едвај излегол жив, а во наплив на адреналин за време на земјотресот практично одлетал во смрт. Башдаш истрчал на балконот и скокнал од вториот кат, но за среќа преживеал, пишува германски Билд.
Фудбалерот на Малатијаспор е тешко повреден и моментално се наоѓа во болница. Башдаш е роден во Германија каде настапуваше за Хановер, но практично цела кариера настапува за турски клубови. Беше и репрезентативец на Турција до 21 година, за која одигра десет натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА