Европскиот шампион Реал Мадрид следното лето ќе тргне по Флоријан Вирц (21) и Чаби Алонсо , вели Флоријан Плетенберг. Германскиот новинар тврди дека преговорите меѓу Мадрид и Баер Леверкузен се уште не се започнати , но и дека „фармацевтите“ повеќе би сакале да го продадат Вирц на Реал отколку на конкурентот Баерн Минхен.
Одличниот германски играч за врска е баран од „половина“ од Европа , па затоа интерес веќе пројавил Манчестер Сити, кој е свесен за интересот на Реал. Договорот меѓу Вирц и германскиот шампион е со важност до летото 2027 година и за да заработи добро, ќе треба да го продаде веќе следното лето.
Минатата сезона одличниот Вирц постигна 18 гола, со 20 асистенции во сите натпреварувања и со Леверкузен ги освои Бундеслигата и Купот , а играше и во финалето на Лига Европа. Играше со Германија на ЕП и настапот го заврши во четврт-финалето.
Оваа сезона веќе има седум гола на 15 натпревари, а вкупно за Баер одигра 167 пати и постигна 48 гола, со 51 асистенција. Неговата вредност во моментов изнесува 130 милиони евра, а заврши на 12-тото место на табелата за Златната топка.
Вирц започна да го игра својот најдобар фудбал под водство на Чаби Алонсо (42), кого Флорентино Перез сака да го доведе на клупата на Реал во летото 2025 година, тврди Плетенберг. Шпанецот е легенда на „кралскиот клуб“ каде настапуваше од 2009 до 2014 година, а во 2018 година ги водеше младинските категории на клубот. Од 2019 до 2022 година го презеде вториот тим на Реал Сосиедад , а потоа го презеде Баер и останатото е историја.
Реал Мадрид исто така ќе има конкуренција повторно во Манчестер Сити и за Алонсо, со оглед дека „Граѓаните“ уште од сега сакаат да ја обезбедат замената за Пеп Гвардиола доколку си замина не крајот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА