Германскиот кошаркар Давид Крамер е нов играч на Реал Мадрид, објави денеска шпанскиот клуб. Клубот изјави дека потпишал едногодишен договор со Крамер.
Крамер (28 години, 196 см) доаѓа од шпанскиот тим Тенерифе, каде што минатата сезона во АЦБ лигата постигнуваше просек од 11,1 поени во 37 натпревари.
Во сезоната 2020/21, искусниот крилен играч настапи во шест натпревари од Евролигата за Баерн Минхен. Својата професионална кариера ја започна во Австрија, а низ годините играше во Германија и развојната лига во НБА. Во Шпанија, покрај Тенерифе, играше и за Гранада.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

